Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервјуто за Инфомакс, вели дека иселувањето е број еден во Македонија и ниту ЕУ ниту НАТО нема да го решат тој проблем.
„Далеку од тоа дека 600 илјади луѓе се иселиле. Тоа беше сулудо. Гледам уште го зборуваат тоа, играат на карта стопати повоторена лага станува вистина. И веројатно го потценуваат населението дека нема да провери, нема да следи. Иселувањето е број еден проблем во Македонија, кој ниту ЕУ, ниту НАТО нема да ни го решат. Голем број граѓани се иселуваат не поради економско прашање, туку поради општата ситуација во државата, прогони, неправди, се наместено, се под некаква контрола, постојано под стрес, врендостите се изопачени, нормалното стана ненормално, ненормалното нормално. Луѓето заминуваат поради тоа што не им се живее во една ваква земја каква што е сега Република Македонија“, истакна Груевски.