Бегајќи од полиција од автомобилот фрлиле 24 килограми марихуана

by Fokus

Припадници на полицијата во Прокупље ги уапсиле В.С.(22) од околината на Куршумлија и И.М.(27) од Куршумлија, поради сомнение дека бегајќи од полицијата фрлиле две кеси со повеќе од 24 килограми марихуана.

Во соопштението на Полициското одделение во Прокупље, се наведува дека В.С. и И.М. се осомничени за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Се сомничат дека утринава во околината на Куршумлија, бегајќи од полициската патрола, од автомобилот „голф“ управуван од В.С. ја фрлиле дрогата, но полицијата набрзо ги фатила осомничените и ги привела.

Поврзани новости