Балкан Енерџи информира дека раководејќи се од потребите на потрошувачите за квалитетно и поволно сервисирање на внатрешните грејни инсталации, во рамки на компанијата е формиран Сервис на внатрешна грејна инсталација – МОЈ СЕРВИС, кој на потрошувачите им нуди професионални сервисни услуги по конкурентни пазарни цени, најкратки рокови на постапување и според строго дефинирани процедури за работа. Дополнително, сервисот нуди и бесплатнo утврдување на причината за дефекти на внатрешната грејна инсталација.
Во сервисот е ангажиран професионален и стручен кадар, кој располага со најсовремен алат и опрема за работа, според сите важечки стандарди за извршување на оваа дејност, со што е овозможено да се најде решение и за најсложените дефекти во внатрешните грајни инсталации.
Особено значајно е тоа што вградените материјали при сервисирањето се наплатуваат по нивните набавни цени, додека цената за работните часови на сервисерите е и до 20 отсто пониска од моменталните пазарни цени за ваков вид услуги. Исто така, за вградените материјали МОЈ СЕРВИС ја пренесува гаранцијата од производителот или од продавачот, при што се обезбедува најмалку 1 година гаранција, велат од БЕГ.
Пред почетокот на секоја интервенција, на корисниците на услугите на МОЈ СЕРВИС им се нудат неколку опции за видот на материјалите што ќе бидат вградени, информација за нивните цени, како и за цената на работата рака. Притоа корисниците добиваат уреден работен налог, како и Договор за сервисни услуги со кој се регулираат правата и обврските на корисникот на услугите и на сервисот, како и начинот на плаќање за извршената услуга. Во овој дел, дополнителна поволност за потрошувачите е можноста за одложено плаќање за извршената услуга и до 10 дена по отстранувањето на дефектот врз основа на доставена фактура.
МОЈ СЕРВИС работи во две смени, секој работен ден од 8 до 20 часот, како и во сабота од 8 до 15 часот.
Своите барања за сервисни интервенции и бесплатно утврдување на причината за дефектот на грејната инсталација, потрошувачите можат да ги достават во Центарот за грижа на потрошувачи на БЕГ на ул. „Лондонска“ бр. 8, секој работен ден од 08 до 19 часот и во сабота од 08 до 13 часот или да изберат еден од следните начини:
Да се јават на телефонскиот број (02) 3076 200 на Центарот за грижа на потрошувачи
Да испратат СМС порака на мобилниот телефон: 076 / 350 567
Да го пополнат соодветниот формулар поставен на интернет страницата www.beg-snabduvanje.com.mk
Или да се обратат преку е-пошта на: contact@beg-snabduvanje.com.mk
Единствен услов за да можат да се користат услугите на МОЈ СЕРВИС е потрошувачот да има склулчено договор за снабдување со топлинска енергија со Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје.