Компанијата за производство на топлина Балкан Енерџи вечерва соопшти дека има средства за набавка на гас само до крајот на утрешниот ден и бара од Владата времено да го преземе управувањето со компанијата се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.
– Ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден. Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси да обезбедиме финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифата за производство на топлинска енергија со што не ќе можеме да продолжиме со производство на топлина. За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложивме Владата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона, се наведува во соопштението од компанијата.