Блерим Беџети од ДУИ вели „ако се допре Законот за јазиците, секако дека ќе дојде до политичка криза“.
Напротив, ние не сме најавиле никаков бојкот, ние секогаш сме биле и сме спремни за избори, и на последните парламентарни избори, изборниот легитимитет на етничките Албанци, и другите етнички заедници е кај Европскиот фронт. Предвремени парламентарни избори во Собранието како дебата се отвори од сите, почнувајќи од премиерот Мицкоски.
Но, факт е дека на државата и се потребни предвремени парламентарни избори, за да излезе од ситуацијава во која не е почитуван легитимитетот на втората етничка заедница во државата. Затоа што само така ќе се врати стабилноста, политичката стабилност, но и можноста во економската и сите други сфери во нашата држава да има стабилност и да се работи на прогрес и општо добро на граѓаните. Недозволиво е да се почитува само едниот легитимитет во државата од двете најголеми етнички заедници во државата, и затоа бараме предвремени парламентарни избори. Нормално ние сме избрани од Албанците и граѓаните и ние свесни сме каква ќе биде реакцијата, и затоа е кажан тој став дека тешко дека ќе има локални избори, затоа што се нарушува етничката стабилност, и те како се нарушува“, вели Беџети во интервју за Радио Слободна Европа.
Според Беџети, за локалните избори има време, досега не е одлучувано ниту за кандидати, ниту е дефинирано со коалициските партнери.
На прашањето дали контактира со поранешниот функционер од ДУИ Артан Груби кој е во бегство, Беџети кратко одговори „не“. На прашањето дали знае каде се наоѓа Груби, тој вели „тоа треба да го знаат надлежните органи“.