Беџети: Од медиумите слушнав дека сум потенцијален кандидат за претседател

by fokus

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Абдулменаф Беџети, се до денеска не знаел дека е потенцијалн кандидат за консензуален претседател на СДСМ и ДУИ. Тој за „Фокус“ вели дека од медиумите ја слушнал оваа информација, а дали би прифатил таква кандидатура, вели дека е тоа хипотетичко прашање на кое не може да одговори.

-До сега никој со мене нема разговарано на таа тема. Не можам да одговорам дали би прифатил кандидатура бидејќи е тоа хипотетичко и важно прашање, па би било несериозно да се одговара. Информацијата што излезе во јавност е условна затоа што не е потврдена. Можам само да кажам дека јас имам проекти и ангажмани во следниот период – изјави Беџети.

Дел од медиумите објавија дека неговото име се нашло меѓу имињата на анкетите кои се нарачани од СДСМ. На овие анкети често се присутни имињата на Никола Димитров, Оливер Спасовски, Стево Пендаровски и Радмила Шекеринска.

Поврзани новости