502
По предлогот на Изет Меџити, „огнените“ да расчистат со ДУИ и да формираат свое движење или партија, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети во изјава за медиумите вели дека тие се фракција на ДУИ и се различни, но нема потреба од формирање нов политички субјект, бидејќи така се расцепка албанското бирачко тело, а проблемите треба да ги решаваат внатре во партијата.
„Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција во рамки на ДУИ и треба разликите да ги решаваме внатре во ДУИ. Не затоа што Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта се против формирање на нов политички субјект, туку затоа што нема потреба од тоа, бидејќи така се распарчува албанскиот електорат“,потенцира Беџети.