Организацискиот секретар на ДУИ, Блерим Беџети јавно го повика Артан Груби да се врати во земјата и да се пријави пред органите на правдата. Тој во гостувањето на ТВ21 рече дека Груби веќе не е дел од ДУИ и дека се повлекол од партијата, пред партиските органи да донесат таква одлука.
„Артан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и во мое лично име, да се пријави пред органите на правдата, за да се соочи. Значи, станува збор за случајот со Држана лотарија, а не за црната листа на САД, тоа е нешто друго. Како секој граѓанин, и како носител на јавна функција, ако е чист како што кажува или пак прекршил закон, тоа треба да се констатира во органите. Се надевам дека поскоро ќе се соочи, тој, и многу други – изјави Беџети.
Тој рече дека ДУИ ги почитува, ги прифаќа и има сериозен пристап кон одлуките на Стејт Департманот за црната листа.
Во врска со бегството на Груби од Македонија, Беџети рече дека не знае детали, но го повика поранешниот сопартиец да се врати.