Епидемиолозите веруваат дека 13-месечното бебе од Свети Николе, кај кое се дијагностицирани морбили, најверојатно се зразило при посета на Клинички центар во Скопје нецели две недели пред појава на симптомите.
Од Комисијата за заразни болести денеска информираа дека 13 дена пред да му се појават симптомите бебето било донесено на Клиниката за очни болести во Скопје на преглед. Веднаш после тоа било препратено на Институтот за микробиологија каде му бил земен брис од окото и се претпоставува дека тука ја фатило заразата.
Ова е прв случај на морбили во земјава, од 2019 година кога беше прогласена епидемија. Детето беше хоспитализирано во штипската болница и е пуштено на домашно лекување во добра стабилна состојба.
Од Комисијата препорачуваат да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески, за да се ублажи процесот на ширење. Да се подигне свесноста помеѓу здравствените работници и популацијата за постоење на морбили во државата, а третата препорака е за матичните лекари да ги следат симптомите карактеристични за морбили. Суспектните случаи да ги препраќаат кај специјалисти.