Популарниот хрватски музичар Петар Грашо, кој за прв пат стана татко вчера, на своја 46-годишна возраст, во време кога започнало раѓањето на неговата ќерка бил во Охрид.
Тој викендов имаше настапи во клубови во земјава и првин пееше во Струмица, а пак во саботата, до утринските часови траел неговиот концерт во популарниот Егоист бар во Охрид.
Како што првично објавија хрватските медиуми, Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го очекувале раѓањето на бебето на 23-ти јули. Сепак, бебето подранило, и Хана во неделата наутро била пренесена во сплитската болница.
Ќерката на парот се родила со царски рез во попладневните часови, а веста дека мајката и бебето се добри за медиумите ја потврди Мартина Подгорски, соработничката на Грашо.
Изминатиот период, тој е доста активен со своите настапи низ поранешните Југословенски републики.
Освен гостувањата во Струмица и Охрид, пееше во Карловац, Ѓаково, Бјеловар, Љубљана…
Во Скопје пак, имаше голем концерт на 18-ти мај, и тогаш раскажа дека неговата љубов со градот трае 25 години.
Вики Клинчарова