421
Четиринаесетмесечно бебе вчера било донесено во приватна болница со скршеница на череп и крварење во мозокот, информираа од МВР.
Според официјалните податоци од полицијата, вчера во 19.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од болницата „Аџибадем Систина“-Скопје пријавено е дека кај нив било донесено 14-месечно женско бебе со скршеница на череп и крварење во мозокот, кое во 19.10 часот починало.
Во билтенот се уште нема целосни детали за случајот со бебето кое почина по пад од зграда.