Бебето кое вчера почина на Детската клиника во Скопје преттходно било одбивано за хоспитализација, потврди министерот за здравство Арбен Таравари.
Тој рече дека е запознаен со деталите за случајот, но не сакаше да ги коментира причините за одбивањето. Таравари додаде дека ги чека информациите од комисијата која во текот на утрешниот ден ќе ги истражи двете клиники каде 14-месечното бебе било лекувано – Деткстаа клиника и „Козле“.
Министерот Таравари нагласи дека ќе има одговорност каков и да е исходот од истрагата.
„Дали поради лекарска грешка или незнаење треба да се констатира. Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа не очекувајте од мене уште од денес да судам како било. Дозволете соодветните органи во државата да испитаат се во детали. На крајот некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи во здравствениот систем“, изјави Таравари.
Тој уверува дека сите кои биле на смена во моментот кога бебето починало биле стручни лица.
Bебето кое почина вчера на Детската клиника било хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, со засегнати витални функции и во тешка општа здравствена состојба, по што ситуацијата набрзо се влошила и бебето починало.