Новороденче е пронајдено во корпа со јајца покрај патот на минус 20 степени Целзиусови во Сибир, Русија.
Во близина на селото Сосновка, на 40 километри од градот Новосибирск во сибирската област на Русија, 5 млади луѓе забележале звуци од корпата со јајца на страната на патот додека се движеле.
Младите кои ја отвориле корпата пронашле напуштено бебе внатре и ги известиле своите семејства. Семејството кое дошло на местото на настанот го однело бебето во најблиската болница, каде е утврдено дека нема никакви здравствени проблеми.
Наведено е дека бебето било пронајдено околу половина час откако било напуштено и можело да умре доколку било најдено подоцна.
Руската полиција објави дека почнува да ги истражува кој го оставил малото новороденче. Триесет и осумгодишната мајка на еден од младите кои го нашле бебето, Ана Литвинов и 42-годишниот камионџија Дмитриј Литвинов изјавиле дека бебето е девојче и сакаат да го посвојат, доколку семејството на бебето не биде пронајдено.