470
Неколку месечно бебе, сомнително на туберкулоза е хоспитализирано на Клиниката за детски болести, дознава ,,Фокус”.
Бебето било донесено во многу тешка состојба, поради што веднаш било ставено на механичка вентилација.
На Клиниката ќе бидат направени дополнителни анализи за да се докаже дали навистина бебето е заразено со туберкулоза. Исто така проблематично било што бебето е со мала тежина, оддносно е неухрането.