Десетмесечно бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба било донесено во неделата попладне на Клиниката за детски болести. Бебето кое е швајцарски државјанин, имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а на клиниката било примено заедно со неговата баба која го чувала бидејќи неговите родители живеат во Швајцарија.
Вистинска драма се случувала на клиниката за спасување на животот на бебето, утредента кога се покажало дека бебето има тумор во мозокот, а се потврдило дека тоа и неговата баба се позитивни на Ковид-19. Информацијата за НОВА ја потврди и д-р. Наташа Најдановска Алулоска, директорка на Клиниката за детски болести.
Со лекарскиот тим од швајцарскиот Клинички центар било организирано бебето со специјален медицински авион, да биде префрлено во Цирих.
ФОТО: НОВА ТВ