Бебе починало во стомакот на родилка во Битола

by Fokus

Бебе вчера починало во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена, пишува „Независен“.

Според информациите, кога родилката се вратила ноќта во болница да раѓа веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето, но му немало спас, дознава порталот од болнички извори.

И директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски го потврдил случајот, без детали.

Денеска во 14 часот министерот за здравство д-р Фатмир Меџити доаѓа во посета на болницата.

И од битолското обвинителство го потврдиле случајот и велат „во тек е обдукција да се утврдат причините за смртта. Чекаме известување, па во зависност од наодот ќе знаеме дали предметот ќе се префрли кај нас“.

Поврзани новости