БДП во првиот квартал пораснал за 2,4 отсто

by Fokus

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2022 година е 2,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2022, пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 11.2 %, Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 5.9 % и Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 2.2 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2022 година, номинално расте за 12.2 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 66.1 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 18.6 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 33.5 %.

 

Поврзани новости