Како што сега стојат работите, од Синдикатот на ЈСП велат дека утре наутро ниту еден автобус нема да излезе од базите, но ќе има автобуска линија за инвалидите и децата од руралните средини кои утре започнуваат со второто полугодие. Скопјани ќе останат без јавен градски превоз.
Првиот синдикалец на ЈСП, Миќо Стојановски за тв 24 вели дека барањата се едноставни-плата за декември и редовна исплата на платите за оваа година.
Претседателот на Советот, Трајко Славески за тв 24-потврдува дека утре во 11 часот ќе се одржи седница на Совет. Утре ќе се решава судбината за опстанокот на ЈСП.
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ со став дека без отчет пред Советот и Скопјани, да се нема да прифати доделат субвенции за ЈСП.
Досега се дадени рекордни милионски износи за субвенции за ЈСП, а се бележат и рекордни загуби. Притоа ниту ЈСП, ниту Арсовска имаат дадено отчет за тоа како се трошат овие пари. Напротив непродуктивните расходи, и бројот на вработувања во ЈСП и во другите јавни претпријатија се зголемува и покрај тоа што Советот не дава согласност за нивните програми за вработување.
Арсовска да не ги манипулира вработените и синдикатот и нека објасни зошто досега и покрај бројните одлуки на Советот за субвенции на ЈСП состојбата се влошува со рентабилноста на претпријатието.
Ставот на советничката група на СДСМ во Советот, тврдат дека гласале за субвенциите кога се гласал Буџетот.