Божиновски:„Гранд Ривер“ се гради по најсовремени стандарди и најмодерни заштитни ситеми

by Фокус

Почетокот на градбата „Гранд Ривер“ наиде на голем интерес за купување станови во најцентралното градско подрачје во Скопје, поточно кај „Холидеј Ин“. Становите, кои ќе бидат смесетни во висококатница на 20 ката, се со поглед на Водно и поглед на Вардар и Скопска Црна Гора, објасни во „Утрински брифинг“, архитектот Илија Божиновски, директор на „МГ ФЕШН“ кој го гради комплексот „Гранд Скопје“.

-Во градбата се применуваат насовремени архитектонски и гардежни материјали. Применуваме, се што е неопходно за да имаме висок квалитет на станбен простор, термоизолација, термотехничка инсталација, електрика,посебни системи за гаснење пожар. Становите ќе бидат поврзани на централно градско греење – вели Божиновски.

Граѓаните кои ќе купат стан во комплексот „Гранд Скопје“ нема да имаат грижа за паркирање на сопствените возила, бидејќи под комплексот ќе има три подземни ката кои ќе се гаражи. Комплексот кој сега се гради ќе има околу 200 стана и на секој кат има од сите типови на станови – двособни, трособни и четирисобни.

-Најлуксузните станови се на најгорниот кат од комплексот, за разлика од сите други објекти кои се прават во Скопје, овие станови ќе имаат огромни тераси и високи тавани од по 4 метри, како и голема квадратура. Цената на становите не е по метар квадратен, туку зависи на кој кат е станот, големината, орентацијата, како и од големината на терасата – рече Божиновски.

Временски становите ќе бидат готови за околу две години, по што ќе следи реализацијата на останатите објекти од Комплексот. Во центарот на „Гранд Скопје “е предвиден огромен парк од околу 7.500м2.

ПР-ТЕКСТ

Поврзани новости