Бошкоски бара ослободување на Стојков

by Фокус

Владејачката Обединети за Македонија на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски бара ослободување на екскомандантот на единицата „Лавови“ Горан Стојков. Од ОМ сметаат дека неговото апсење покажува постоење на двојни и асоцира на селективност.

„Апелираме до правните лица кои го водат случајот, истиот да биде отворен повторно, бидеќи процесот е започнат во 2013 година за време на режимското владеење на бегалецот Никола Груевски. Не смееме да дозволиме ниту еден бранител и патриот да ги трпи последиците од едно режимско владеење“, соопштија од партијата.

Како што објави Фокус, Стојков бил осуден за злоупотреба на службената положба на 1 февруари 2019 година, а пресудата станала правосилна на 16 декември 2020 година, за дело коешто го извршил пред 20 години. Поточно, се работи за злупотреба на буџетски пари со набавка на муниција за време на конфликтната 2001 година.

На Стојков му застарувало делото по 40 години откако го извршил?

Поврзани новости