Бучковски: Путин врши злосторства против човештвото, Украина ни беше голема поддршка во 2001!

Украина и украинскиот народ, јазик и црква се негирани од Русија како бољшевичка творба на Ленин, колку тоа ни звучи познато нам Македонците, вели за Фокус поранешниот премиер и министер.

by Фокус

Агресијата на Русија врз Украина заслужува најостра осуда, смета универзитетскиот професор и поранешен македонски премиер и министер за одбрана Владо Бучковски.

Во изјава за Фокус, тој вели дека Македонија мора да ги следи сојузниците од НАТО и да биде заедно со прогресивните сили во светот против рускиот претсетал Владимир Путин и неговите, како што истакнува, злосторства против човештвото.

Според него, земјава има најмалку две причини повеќе од другите пријатели и сојузници на Украина да ја подржува нејзината борба за одбрана на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

-Ние не смее да ја заборавиме Украина, претседателот Леонид Кучма и раководството на „Укрспец Експорт“, кои беа најголемата поддршка со воена опрема и вооружување за време на воениот конфликт во 2001-та година, кога беше загрозен нашиот територјален интегритет и суверенитет.

 

И втората голема причина, Украина и украинскиот народ, украинскиот јазик, украинската црква се негирани од Русија како бољшевичка творба на Ленин.

 

Колку тоа ни звучи познато нам Македонците. Сме биле коминтерновска творба, се негира нашиот јазик, автокефалноста на нашата црква… – вели поранешниот премиер и министер Бучковски.

В.С.

Поврзани новости