Бајден најави воена одбрана на Тајван од Кина

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден, кој е во посета на Јапонија упати силни критики кон Русија поради почнувањето на конфликтот во Украина.

-Русија мора да плати долгорочна цена за нејзиното „варварство во Украина“ во однос на санкциите наметнати од Соединетите држави и нивните сојузници – рече Бајден.

Исто така тој најави дека доколку Тајван биде нападнат од Кина, тие ќе застанат во негова одбрана за да не дојде до иста ситуација како со Украина.

На прес-конференција во Токио, Бајден беше запрашан дали Соединетите Држави се подготвени „воено да се вклучат за да го одбранат Тајван“, имајќи предвид дека Вашингтон не сакаше да го стори тоа по руската инвазија на Украина.

-Да. Тоа е обврската што ја презедовме – рече Бајден, без да образложи што би подразбирало хипотетичката американска одбрана на Тајван.

Како одговор, кинеското Министерство за надворешни работи брзо возврати, велејќи дека Пекинг нема простор за компромиси или отстапки за прашања поврзани со неговиот суверенитет.

Поврзани новости