Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски, вели Мицкоски

by Fokus

Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на прозивката од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој вчера на трибина во Тетово, истакна дека Христијан Мицкоски не треба да зборува за војна, бидејќи тој не бил дел од неа, туку само ја гледал на телевизија.

Мицкоски вели дека и Ахмети и Ковачевски треба добро да гледаат и да читаат што тој кажува, а не да го вадат од контекст, иронично додавајќи дека наместо обвинувања тој очекувал дека премиерот и лидерот на ДУИ ќе се пофалат со нова фабрика.

“Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот”, вели Мицкоски.

 

Поврзани новости