Сирискиот претседател Башар ал Асад најави формирање на нова влада под премиерот Мохамед Гази ал Џалали, а за потпретседател на Сирија е именуван Фајсал Мекдад, јави сириската државна новинска агенција САНА.
Предвидено е, меѓу другото, именување на нови министри за надворешни работи, финансии и електрична енергија. Новиот кабинет ја заменува привремената влада која беше на функција од парламентарните избори одржани во средината на јули.
Друг декрет го назначи поранешниот министер за надворешни работи Фајсал Мекдад за потпретседател на Сирија.
Ел Џалали беше министер за комуникации од 2014 до 2016 година, а од 2014 година е под санкции на ЕУ поради, како што објави Брисел, „одговорност за насилна режимска репресија врз цивилното население“.
Според ОН, најмалку 350.000 луѓе се убиени во граѓанската војна во Сирија, која избувна во 2011 година по бунтот против владеењето на Асад.