Лидерот на најголема албанска опозициска партија Демократската (ПД) Љуљзим Баша, поднесе оставка на функцијата, на која дојде во 2013 година.
Соопштувајќи ја одлуката тој рече дека „прави чекор назад за да даде можност ПД да се издигне по тешката криза во која се наоѓа“.
-Не сакам да се задржувам на тоа што и како се случи, кој беше во право, а кој не. За жал, обидот да се задржи ПД обединета не успеа. Демократите и јас се соочивме со бројни обвиненија и денес ПД доживува длабока криза. Поради оваа причина и за да и помогнам на ПД да ги остави настрана поделбите, свесен за тежината што ја добив, поднесувам оставка од функцијата претседател. Го правам овој чекор за дадам можност ПД да се издигне по тешката криза во која се наоѓа, рече Баша.
Додаде дека ќе „продолжи непрекинато и без двоумење да работи со крв и месо за заживување на Демократската партија“. И во оваа прилика тој вината за изборните порази на партијата ги нарече последица на „изборни манипулации и кражби“.
Четириесет и осумгодишниот Баша на чело на партијата дојде по поразот на парламентарните избори на партијата во 2013 година, кога се повлече Сали Бериша.
На двата последователни парламентарни изборни циклуси, 2017 и 2021 година партијата претрпе пораз, а во 2019 година предводејќи ја обеднетата опозиција ги бојотираше локалните избори.
На вонредните делумни избори за градоначалноци на шест општини, што се одржаа на 6 март, повторно кандидатите на ПД не освоија ниту едно место. Место нив едно градачалничко место освои кандидатот на крилото што го предводи Сали Бериша, кој се отцепи од партијата откако Баша го исклучи од сите партиски структури по прогласувањето за песона нон грата од страна на САД.
Делумните избори се чини ја прелеаа чашата на незадоволство, па оставка од него почнаа да бараат и неговите најблиски соработници, кои еден по еден се отажуваа од партиските функции, а поголем број од пратениците најавија дека ќе делуваат како независни кандидати.
Имајќи ги превид досегашните изјави на Бериша, тој ќе се обиде повторно да застане на чело на партијата.