По средбата со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша изјави дека јасно го потенцирал фактот дека со Еди Рама нема слободни и фер избори.
Според него, со еврокомесарот разговарале околу решавањето на политичката криза во земјата при што „имале ист став за две главни цели“.
– Ме запозна со стратегијата што ќе ја претстави, стратегија која јас и обединетата опозиција целосно ја поддржуваме. Ние го изнесовме ставот и наидовме на целосна согласност дека решавањето на длабоката политичка криза во Албанија преку слободни и фер избори, прозлезени од изборната реформа и отворање на преговорите со ЕУ, се две главни цели, рече Баша.
Баша се заблагодарил за помошта на ЕУ за воспоставување дијалог за изборната реформа.