647
Напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пјонтек, може да ја продолжи кариерата во Барселона, објави порталот „Семпре Милан“.
Каталонците гледаат во Полјакот замена за напаѓачот Луис Суарез.
Дваесет и четиригодишниот Пјонтек оваа сезона на шест натпревари постигна два гола. Неговиот договор важи до летото 2023 година.
Цената на фудбалскиот пазар на полскиот репрезентативец во моментов се проценува на 40 милиони евра.
Исто така во сферата на интересите на Барселона се и Тимо Вернер од Лајпциг и Хаиме Мата од Хетафе.