Со спектакуларна победа, премиерлигашот Ливерпул ја анулираше предноста над Барселона од 3-0 од првиот меч и ја елеминираше од полуфиналето од Лигата на шампионите.
Екипата на Јирген Клоп триумфираше со резултат 4-0, доволен за да го фрли на колена каталонскиот гигант.
Дивок Ориги уште во 7-та минута погоди за „редс“, најавувајќи ја победничката вечер на „Енфилд роуд“ и со резултат од 1-0 се замина на паузата на полувремето.
Во вториот дел од натпреварот веќе се беше во знак на Ливерпул, кој му одржа вистинска лекција на Барселона.
Вајналдум во 54-та и 56-та минута од натпреварот постигна два погодоци, кои очигледно беа пресуди за триумфот на Ливерпул. Барселона се обидуваше да стигне до погодок, но Клоп одлично го постави тимот, а каталонците немаше што да бараат вечерва во Англија.
Иако многумина се надеваа на продолженија, сепак разиграниот Дивок Ориги, по заспаноста на одбраната на Барселона, погоди и го однесе Ливерпул во финалето, каде ќе се сретне со подобриот од мечот помеѓу Ајакс и Тотенхем.