Барселона го одбра новиот тренер

by fokus

Нов главен тренер на Барселона ќе биде Кике Сетиен, пренесува АС. Според весникот, преговорите меѓу каталонското раководство и 61-годишниот стратег се при крај.

Сетиен за последно го водеше Бетис. Минатиот јануари, неговото име повторно се поврзуваше со тренерското место на Барселона.

- Advertisements -

Се очекува Барса да го отпушти сегашниот ментор Ернесто Валверде најдоцна утре.

Каталонците се лидери во Ла Лига со ист број бодови со Реал Мадрид и продолжуваат да напредуваат во ЛШ.

Сепак, тие не успеаја да го освојат шпанскиот Суперкуп, откако во полуфиналето загубија со 2:3 од Атлетико Мадрид.

Поврзани новости