403
Тинејџерка од Бразил (17) била застрелана од огнено оружје во градот Баретос по инцидент кој избувнал по елиминацијата на Бразил од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство, додека три лица се ранети, јавува бразилскиот „Г1“.
Во текстот се наведува дека вчера дошло до тепачка во трговски центар, која потоа продолжила надвор од зградата.
Раководството на трговскиот центар соопшти дека дошло до конфликт во нивните простории меѓу млади лица кои го следеле натпреварот против Хрватска.