Обидите за замена на биолошкиот пол со социјална улога е дел од вештачки создадениот неолиберален инженеринг за контрола врз луѓето. Проект наречен џендер идеологија, со внедрување претстава за нов хибриден вид со избришани полов, расен, етнички и национален идентитет
Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Македонското општество станува настрано и забегано. Саштисано, патолошки амбиентално и ментално на Психијатриската болница Бардовци! Со донемајкаде изопачени вредносни критериуми, парадокси и владеење на правила без правила, партократските шамани ниту се водат, ниту се тераат.
Логореично ја повторуваат опсесивната флоскула „ЕУ, ЕУ“ и не престануваат да паламудат, фрустрираат и трауматизираат, иако во догледна иднина проширувањето е „умрено“.
Евролицемерите, пак, уво не ги боли за излитеното верглање. Си имаат тие гајле со „дискриминацијата“ на ЛГБТ заедницата, која ја третираат како основна европска вредност. Воопшто не ги тангира меморицидот на македонскиот идентитет, историја и јазик.
Пратеници во Бундестагот, без лиценца за верификација на нации, „го утнаа“ копчето и гласаа Резолуција за признавање македонска култура, идентитет и јазик наместо за македонското малцинство во Бугарија. И други еврочленки навестуваат слични „удирање четки“ за измени на Уставот. Ептен виран работа!
До каде забегаа работите со перформансот „Бардовци блуз“, потврдува перверзното Упатство од Министерството за правда, во матичните евиденции да се додаде графа за етничката припадност.
Дупејќи го пучанството, се „аплицира за Бардовци“, преку инсистирање личното чувство на поединецот да се докажува исклучиво со документ од државен орган.
БУГАРИЗИРАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ
Ваквата патологија, освен самоасимилирање на помалите етнички заедници, ќе резултира и со бугаризирање на Македонците. Тоа го потврди и Фондацијата „Македонија“, која направи спешно обаждане до „Българите в Македония“ да ги ажурираат изводите и за четири евра, колку ќе чини таксата, да станат Българи по произход и самосъзнание.
Министерството за труд и социјална политика, пак, предложи Закон за родова еднаквост. Министерката продава керефеки дека со признавањето на правото на трансродово лице, останатите граѓани не губеле ништо. Ескивира да каже дека џендеризмот нема, ама баш ништо заедничко со рамноправноста на половите.
Родовата идеологија се залага за родова флуидност, во која жени може себеси да се доживуваат како „мушкаданки“, а мажи како „женски петковци“, иако се родени со женско тело и обратно.
Синдром на родова дисфорија, иманентен за лица што доживуваат незадоволство од својот родно-полов идентитет, кој им е одреден при нивното раѓање. За нив полот е меѓу нозете, а родот меѓу ушите.
Многубројни се варијациите на т.н. трет род со стотина родови. Може некој да се доживува како лејка, битно е никој да не му удира чврги, да тврди дека 2 плус 2 не се четири, туку 22, затоа што не го есапи плусот меѓу нив и во тоа никој не може да се сомнева, дури може да се чувствува по род Македонец, ако не ги навредува Грците и Бугарите!
ЏЕНДЕР ПАТОЛОГИИ
Талибаните на родовата идеологија тврдат дека половите не постојат во стварноста, тие биле создадени вештачки. Уште одамна, славната писателка, инаку радикална феминистка Симон де Бовоар зборувала дека „машко и женско не се раѓа, тоа се постанува“. Звучи ептен налудничаво за да биде сериозно!
Токму поради отстранувањето на стигмата со асоцијацијата нарушување, медицинскиот назив за родова дисфорија е исфрлен од употреба пред десет години.
Во моментов, цела Европа е под густа мрежа на родова идеологија! Во Германија е озаконет полот „Џ“, во Франција и Италија „родител 1“ и „родител 2“, а во многу држави се врши притисок за легализација на истополни бракови.
До пред триесетина години, џендеризмот беше сосема егзотичен, речиси непознат поим во македонскиот речник. Меѓутоа, под плаштот на неолиберализмот, чие фатално тројство го сочинуваат крупниот капитал, недемократските режими и мафиите, џендер патологиите длабоко навлегуваат и стануваат норми за социјално однесување во македонското општество.
Обидите за замена на биолошкиот пол со социјална улога е дел од вештачки создадениот неолиберален инженеринг за контрола врз луѓето. Проект наречен џендер идеологија, со внедрување претстава за нов хибриден вид со избришани полов, расен, етнички и национален идентитет.
Во овој контекст, илустративна актуелна парадигма се настојувањата за бришење на македонскиот идентитет. Кога сѐ е настрано и забегано, дното мора да излезе на површината. Бардовци блуз!