600
Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одржа завршниот тренинг пред утрешниот натпревар во Скопје против Казахстан што за „црвено – жолтите“ ќе биде последна проверка пред заминувањето за Букурешт на ЕУРО2020.
На тренингот на комплексот „Петар Милошевски“ отсуствуваше само играчот за врска Енис Барди, кој денеска почна со индивидуални тренинзи во очекување на негативен тест на корона вирус.
Неговиот соиграч од средината на теренот, Ферхан Хасани го одработи тренингот со заштитна маска на носот по повредата што ја здоби во понеделникот на пријателскиот натпревар против Словенија (1:1).