Барди: Молдавија е сериозен противник, тоа ќе биде одличен тест за нас

by Fokus

Енис Барди – капитенот на македонската фудбалска репрезентација во пресрет на утрешниот пријателски меч со Молдавија, истакна дека мечот очекува да биде одличен тест нашите фудбалери да видат до каде се со формата.

„Мислам дека сите доаѓаме со коректна минутажа на овој собир. Гледам дека повеќето фудбалери играат доста и се редовни во своите клубови. Мислам дека натпреварувачката форма е на наша страна. Само да сме сконцентрирани, да покажаме желба и да се подготвиме за тоа што не чека од септември. Овие два натпревари ни се тест, да видиме до каде сме, за да ги поправиме грешките од некои претходни средби. Можам да кажам дека сме подготвени за секоја улога што ќе ни ја даде селекторот. Свесни сме дека по долго време се собравме пак, гледам дека соиграчите едвај чекаа да се сме заедно. Можеме да дадеме се од себе. На ниту еден натпревар не ни е потребна екстра мотивација. Со самиот повик за репрезентацијата мора да сме мотивирани, да бидеме подобри и да даваме што е можно подобри перформанси. Овој натпревар е со ривал кој за малку не се пласира на ЕП, може многу да ни помогне за Лигата на нациите. Анализиравме и се подготвивме за Молдавците. Повеќе нема `пријателски` натпревари, даваме максимум на секој дуел што го играме за Македонија“ – изјави Барди.

Првиот натпревар во Анталија Македонија ќе го одигра против Молдавците в петок во 15:30 часот, а три дена подоцна е пресметката со селекцијата на Црна Гора.

Поврзани новости