492
Македонскиот фудбалер Енис Барди вели дека мечот на Македонија со Косово за него ќе биде посебен, зашто има корени од Косово, но тој најавува дека ќе даде се од себе за да победи Македонија.
-Македонија ми даде шанса на 19 години да дебитирам и јас сум и благодарен, како и на сите луѓе кои многу ми помогнаа. Не чека пресметка со Косово, а за мене ова ќе биде многу емотивен меч. Мојата мајка е од Косово, јас сум внук на Косово, ама на терен ќе играм за Македонија и ќе направам се за да победиме. Ние играме за успех, а играњето со Македонија на евро 2020 е еден од тие цели – изјави Барди.