Барди: Амбициите се големи, а групата е тешка – мора да започнеме со победа

by Fokus

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди во изјава за Фудбалската федерација на Македонија, во пресрет на вечерашниот квалификациски меч против Малта, на арената „Тодор Проески“ рече дека очекува добро издание на „рисовите“ кои се поготвени за мечот против „аутсајдерот“ во исклучително тешката група со Англија, Италија и Украина.

„Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство и финале во баражот за настап на Светскиот шампионат, амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што е најважно. Посебно за овој прв натпревар со Малта во кој посакуваме победа. За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме” рече Барди.

 

Поврзани новости