343
Триесет и двегодишниот И.М. пријавил дека бил измамен за работа во Германија, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 09.30 часот И.М.(32) пријавил дека од 11 до 16.01.2018 година од страна на лицето Д.К. бил измамен, а во врска со претходна објава на “Реклама 5“ за вработување во Германија. Оштетениот контактирал за работата во Германија со лицето Д.К. при што овој му рекол дека треба да почнат веднаш со постапката на уплаќање за превод на формулари од македонски на германски јазик и плаќањето да го изврши на жиро сметка во банка, при што оштетениот направил повеќе трансакции на жиро сметка во износ од 80.000 денари.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.