Како што јави агенцијата АП, предизборниот штаб на Камала Харис објави дека Обама ќе патува низ целата земја во последните 27 дена пред изборите.
Поранешниот претседател и Камала Харис се пријатели повеќе од 20 години, откако првпат се сретнаа кога Обама се кандидираше за Сенатот.
Обама, заедно со другите клучни демократи, беше вклучен зад сцената во обидот да го убеди претседателот Џо Бајден да се откаже од претседателската трка во САД, а неговото присуство на кампањата ќе биде контраст со релативно малото присуство на Бајден откако тој се повлече.
Во говорот на Демократската конвенција во август, Обама рече дека Харис „не е родена во привилегија“ и дека „мора да работи за она што го има“.
„И таа всушност се грижи низ што поминуваат другите луѓе“, рече поранешниот претседател.
Камала Харис беше ран поддржувач на претседателската кандидатура на Обама во 2008 година.