На прием кај претседателот на САД Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, денеска доаѓаат поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мипел Обама, на свечена презентација на нивните портрети.
Џо Бајден беше потпретседател на Барак Обама во текот на неговите два мандата (2009-2017), двајцата создадоа тесно пријателство „низ височините и падовите на оваа работа и во животот“, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
-Претседателот Бајден и д-р Бајден се почестени да ги имаат за гости Барак Обама и Мишел Обама во Белата куќа, за откривањето на нивните портрети кои ќе висат на ѕидовите на Белата куќа засекогаш како потсетник на моќта на надежта и промената, изјави таа синоќа на брифингот.
Во разни простории на Белата куќа се закачени портретите на претседателите, започнувајќи со претседателот Џорџ Вашингтон, купен од Конгресот. Останатите портрети на првите претседатели на САД се додавале во колекцијата како подароци.
Создавањето на портретите од 1965 година се финансира од Историската асоцијација на Белата куќа, невладина организација. Првите портрети што асоцијацијата ги порачале се на Линдон Џонсон, Џон Кенеди и Жаклин Кенеди.
-Во изминатите години претседателите и првите дами обичо сами ги избираат уметниците пред да ја напуштат Белата куќа, и ги одобруваат портретите пред официјално да бидат прикажани на јавноста и да бидат додадени во колекцијата, се вели во соопштение од организацијата.
-Уметниците се стремат да остават печат со своите дела на оригиналниот лик и личноста на секој претседател, истовремено собирајќи ја нашата претседателска историја преку тие индивидуални уметнички дела.
Официјалните портрети на Барак Обама и неговата сопруга беа правени и се чуваа во тајност, а јавноста ќе дознае кој е уметникот денеска, кога ќе бидат презентирани за првпат.