Банкноти со ликот на кралот Чарлс III од денеска во оптек во Велика Британија

by Fokus

Банката на Велика Британија денеска ќе пушти во оптек банкноти со ликот на кралот Чарлс Трети, со што ќе стане вториот крал кој го има својот лик на пари, по неговата мајка Елизабета Втора.

„Ова е историски момент бидејќи ова е првпат да го смениме суверенот на банкнотите“ – изјави гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Чарлс.

Додека поранешната кралица се појавува на банкнотите од 1 фунта од 1960 година, кралот Чарлс ќе биде прикажан на банкнотите од 5, 10, 20 и 50 фунти.

Банкнотите ќе се печатат само за да ги заменат оние кои се оштетени или за да се задоволи зголемената побарувачка за пари, пренесува Sky News.

Овој пристап кон печатот го минимизира влијанието врз животната средина, објасни гувернерот.

Поврзани новости