Банките во еврозоната ги зајакнаа условите за заеми за компаниите и граѓаните, според резултатите на кварталната анкета на Европската централна банка (ECB).
Заемодавците во периодот од април до јуни 2019 година, ги зајакнале условите за доделување на кредити на компании, како и оние во потрошувачкото кредитирање, покажаа резултатите од кварталното истражување спроведено во 144 банки во еврозоната.
Меѓу првите пет економии на еврозоната, во Германија, Франција и Италија, во вториот квартал од оваа година се построги критериумите за кредитирање на компаниите, додека во Шпанија останаа непроменети, а во Холандија опуштени.
Во меѓувреме условите за хипотекарни заеми во еврозоната во просек останаа непроменети во споредба со првиот квартал.
-Перцепциите за повисок ризик, проследени со повисоки трошоци за извор на средства и билансните ограничувања, придонеле за затегнување на кредитните услови во различни категории на кредити, изјавија од ECB.