796
Бандите на ДУИ пукаа кон демонстрантите. МВР целосно потрфрли при обезбедувањето на протестот, напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев за инцидентот што се случи во близина на плоштадот Скендербег.
Помала група почна да гаѓа со тврди предмети кон демонстрантите, а еден од нив покажа и пиштол. Потоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека тој човек сакал да го убие.
-Окупационата влада свесно ја води Македонија кон граѓанска војна. Пробугарската СДС и терористичката ДУИ се факторот на дестабилизација на Републиката!, напиша Апасиев.