Илија Балтовски, битолчанец и граѓански активист, испрати порака до групата демонстранти кои доцна синоќа протестирале пред неговиот дом во населбата „Недопирливи“ во Битола.
„Ништо не може да ме заплаши ниту поколеба да протетсирам против политиките на овој режим. Продолжувам заедно со моите соборци и сите слободумни граѓани“ – порача Балтовски.
Инцидентот се случи вчера откако неколку стотини демонстранти дошле пред домот на Балтовски. Тие извикувале недолични пароли, биле вулгарни и ја вознемириле целата улица.
Балтовски е инаку член на невладината „За нас се работи“ и еден од водачите на „Битолското движење“.
Сега е во првите редови на демонстрациите што се организираат во Битола со барање за оставка на градоначалникот Владимир Талески и повлекување на аболицијата на претседателот Иванов, а исто така, деновиве тој беше дел од групата што организираше неколку герила акции во Битола.