Балканската трап дива Senidah ја предводи регионалната програма на третата по ред Get EXITed забава во Струмица!

by Fokus

Откако Сенида Хајдарпашиќ, позната низ регионалната хип-хоп и трап музичка сцена како Senidah, ја започна својата музичка кариера која се протега повеќе од десет години, нејзините хитови ги освојуваат врвовите на исклучително важни топ листи.

СÈ Е СПРЕМНО ЗА НАЈЈАКАТА ЗАБАВА СО СЕНИДАХ ВО СТРУМИЦА!

По само една година, нејзиниот прв сингл „Slađana” беше прогласен за најдобра хип-хоп и рап песна на доделувањето на регионалните музички награди, а нејзиниот прв деби албум „Bez tebe” донесе серија исклучително успешни синглови, додека нејзината нова генерација химни „Alo Alo”, „Greh”, „Delija”, „Mišići” и „Behute” веќе достигнуваат милионски прегледи! Годинава ќе ја предводи силната регионална музичка програма на третата по ред Get EXITed забава во Големиот струмички парк на 6 септември!

Експоненцијалниот раст на нејзината кариера тргна по заедничката соработка со австрискиот рапер RAF Camora на светскиот хит „100%” кога преку својот музички израз успеа да го освои не само регионалниот, туку и меѓународниот пазар. Покрај тоа што е извонредна пејачка, балканската трап дива докажува дека со своите песни дава автентичен печат, воодушевувајќи ја публиката која ги пее нејзините песни во глас, од првиот до последниот збор!

Нејзините настапи на фестивалот EXIT и Sea Star ѝ донесоа длабока поврзаност со публиката, овозможувајќи и да ги изрази емоциите, ставовите и идентитетот преку нејзините рими. Со комбинирање на трап, R’n’B, хип-хоп елементи, Senidah не само што ги прошири границите на овие жанрови, туку создаде сосема нов звук, единствен за овој регион. Оваа комбинација на стилови не само што ја отсликува нејзината уметничка сестраност, туку и длабока поврзаност со богатата музичка традиција на Балканот и регионот.

На Get EXITed забавата во Големиот струмички парк на 6 септември ќе настапат авторите на светски познатата клупска химна „The Mirage” – Agents of Time, хитмејкерите со милијарди погледи Meduza, афро-хаус дивата Layla Benitez, кралицата на балканската сцена Senidah, како и локални изведувачи, 2Bona, Young Dadi, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye, Divizija и диџеј Бонев.

ПР

Поврзани новости