„Бакнежот на судбината” на Силјан на бугарски јазик

by fokus

Во издание на издавачката куќа „Пропелер“ од Софија, Република Бугарија, излезе од печат на бугарски јазик поетската книга „Бакнежот на судбината“ од современиот македонски поет, Раде Силјан.

Препевот од македонски на бугарски јазик го направи познатиот бугарски поет и преведувач, Владимир Луков.

Во изминатите три децении дваесет и шест книги од овој автор се преведени на англиски, италијански, турски, полски, руски, српски, словенечки, романски, латински, албански, грчки, молдавски, бугарски, црногорски, бошњачки и унгарски јазик.

Вики Клинчарова

Поврзани новости