1
Новоизбраниот француски премиер Франсоа Баиро денеска изјави дека очекува управувањето со поделена земја без парламентарно мнозинство да биде „тешка задача“.
Во првата изјава по неговото назначување, тој рече дека „помирувањето е неопходно“ за Франција, иако „сите знаат дека тоа ќе биде долг пат“, пренесува БФМ.
„Сите ја разбираат тешкотијата на задачата. Важно е да се најде пат што ги обединува луѓето, наместо да ги дели“, рече Бајру.