520
Американскиот претседател Џо Бајден снимките по повлекувањето на руските трупи од делови на Украина ги нарече навреда за човештвото и го поздрави исклучувањето на Москва од Советот за човекови права на ОН.
„Лагите на Русија не можат да се споредат со неоспорните докази за тоа што се случува во Украина, рече Бајден.
– Информациите за луѓе кои биле силувани, мачени, егзекутирани – во некои случаи нивните тела сквернавени – се навредливи за нашето универзално достоинство“, истакна американскиот претседател.