Бајден закрепнува, вели неговиот доктор

by Фокус

Претседателот Џо Бајден најверојатно се заразил со многу заразна варијанта на коронавирусот што брзо се шири низ САД и сега има болки во телото и болки во грлото по неговиот позитивен тест, изјави неговиот лекар.

Варијантата, позната како BА5, е верзија на сојот омикрон што се појави кон крајот на минатата година и се верува дека е одговорен за огромното мнозинство на случаи на коронавирус во САД.

Д-р Кевин О’Конор, лекарот на претседателот, во своето последно реферирање за состојбата на Бајден напиша дека се повлекуваат претходните симптоми на Бајден течење на носот и кашлица.

Виталните знаци на Бајден, како што се крвниот притисок и фреквенцијата на дишење, „остануваат целосно нормални“, а сатурацијата му е одлична и нема отежнато дишење, соопшти докторот.

Бајден беше позитивен на вирусот во четвртокот наутро. Оттогаш тој е изолиран во резиденцијата на Белата куќа.

Поврзани новости