Бајден за Украина го реактивираше „законот против Хитлер“ од Втората светска војна

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се овозможува забрзување на испраќањето воена опрема во Украина, со што повторно се активира законот од Втората светска војна.

„Украинците секој ден се борат за своите животи“, рече Бајден во Овалната соба, додавајќи дека „таа борба е скапа, но попуштањето пред агресијата би било уште поскапо“.

Потпишаниот документ, „Закон за заем за одбрана на демократијата на Украина од 2022 година“, се заснова на програма од Втората светска војна, чија цел беше да и помогне на Европа да се спротивстави на Хитлер.
Тој беше поддржан од речиси сите претставници во Конгресот, освен десетмина од Претставничкиот дом кои гласаа против, се вели во соопштението на Белата куќа.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, администрацијата на Бајден му испрати на Киев воена помош од околу 3,8 милијарди долари.

Поврзани новости