Пристигна реакцијата на американскиот претседател Џо Бајден на утринава масовниот руски ракетен напад врз градовите низ Украина. Во соопштението на Белата куќа се вели дека Бајден „остро ги осудува“ нападите утринава.
-Во нападите беа убиени и ранети цивили, мета беа цели без воено значење. Овие напади уште еднаш ја докажуваат севкупноста на бруталната илегална војна на Владимир Путин против украинскиот народ, рече Бајден.
Американскиот претседател изрази сочувство до семејствата и пријателите на „бесмислено убиените“ Украинци.
„Овие напади само дополнително ја зајакнуваат нашата посветеност да го поддржиме украинскиот народ, колку и да е неопходно“, рече Бајден.
„Заедно со нашите сојузници и партнери ќе продолжиме да и наметнуваме трошоци на Русија за нејзината агресија. Путин и Русија мора да одговараат за воените злосторства. Ќе продолжиме да ја даваме сета поддршка што им е потребна на украинските сили за одбрана на својата земја и слобода“. – изјави Бајден.
„Уште еднаш ја повикуваме Русија веднаш да ја прекине оваа неиспровоцирана агресија и да ја отстрани својата војска од Украина“, заклучи Бајден.