711
Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска изјави дека е воодушевен од податоците објавени од компанијата „Фајзер“ за нејзиниот антивирусен лек против Ковид-19, и дека администрацијата нарачала доволни количества таблетки за лечење на 10 милиони Американци.
-Вакцинацијата и примањето на дополнителна доза се најважните инструменти за да се спасат животите на луѓето, изјави претседателот.
„Но, ако ова лекарство се регистрира и добие одобрение и во моментот кога тие таблетки ќе станат широкодостапни, тоа ќе стане значаен чекор напред во нашиот пат за излез од пандемијата“, додаде тој.